Белгиската мачка заразена со коронавирус имала слични симптоми како луѓето

Од кризниот штаб за коронавирусот во Белгија даваат неколку детали околу првиот случај на заразено домашно милениче со коронавирусот.

Мачката, инфицирана од својот сопственик, имала дијареја и респираторни проблеми, познато било дека нејзиниот газда е заразен со вирусот, по што е одлучено да се тестира и миленичето.

Резултатите од тестот на мачката анализирани на факултетот за ветеринарство биле позитивни.

Ова е прв случај на заразено домашно милениче со коронавирусот.

Симптомите кај мачката се појавиле една недела по симптомите на сопственикот.

Иако станува збор за изолиран случај и не е утврдена зараза од домашно милениче кон човек, здравствените власти во Белгија ќе дадат нови препораки за однесување со домашните животни.

Мобилизирани се и властите надлежни за безбедност на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот