Белгија: Жена со нож нападна пешаци, полицијата засега тврди дека не е тероризам

Фото: Твитер/Sotiri Dimpinoudis

Белгиската полиција во рака застрелала жена која нападна двајца пешаци во Гент, пишуваат локалните медиуми, додела властите засега ја исклучуваат можноста за терористички напад.

Локалниот дневен весник „Het Laatste Nieuws“ пишува дека повредените жртви се пренесени во болница, но и дека повредите не им се животозагрозувачки.

– Засега ништо не упатува на тоа дека настанот кој се случи во Гент е од терористичка природа – рече за „АФП“ портпаролката на државниот обвинител.

На снимките од белгиските медиуми може да се забележи дека населбата во која се случи нападот беа затворени, и дека на локацијата има голем број на полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот