Белгија сега е деветта најдобра земја по број на заразени од ковид-19, откако пред еден месец беше најлоша

Пред само еден месец Белгија заедно со Чешка беше земјата со најголема стапка на заразени од Ковид-19 на сто илјади жители, по строгите рестриктивни мерки земјата успеа драстично да ја подобри состојба, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со 315 случаи по сто илјади жители во последните две недели Белгија успеа да воведе повторно контрола врз ширењето на коронавирусот, кое до пред еден месец уриваше рекорди во Европа.

Според Европскиот центар за контрола на болести, Белгија е сега меѓу десетте европски земји со најдобра слика во однос на бројот на заразени по сто илјади жители. Прва е Исланд, следуваат Ирска, Финска, Норвешка и Грција во првите пет.

Најлоша е состојбата во Луксембург со 1.218 случаи на сто илјади жители.

Во последните месец дена Белгија воведе строги рестриктивни мерки, односно целосно „заклучување” со затворање на сите продавници што не се неопходни, сите кафулиња, ресторани, музеи и други места каде се собираат масовно луѓе.

Премиерот Александар Де Кро потврди дека состојбата се подобрува и дека владата се подготвува на постепено олабавување на мерките во наредните денови. Од денеска повторно отвораат музеите, базените и некои продавници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот