Белгија се растоварува: Пациентите со Ковид-19 ги префрла во германските болници

Во болниците во Брисел нема повеќе слободни кревети за интензивна нега на пациентите заразени со Ковид-19, а преостанатите 100 слободни места во цела земја ќе бидат пополнети во следните денови, предупредуваат белгиските здравствени власти.

Единиците за интензивна нега во Брисел го достигнаа максимумот, а новите пациенти се префрлаат во другите болници ширум Белгија.

Со над 600 нови хоспитализации дневно и вкупно со 6.823 пациенти на болничко лекување, од кои 1.300 ма интензивна нега. Белгија неделава го надмина врвот од првиот бран на новиот коронавирус на пополнетост на болничките капацитети.

За време на викендот интензивиран е трансферот на пациенти со Ковид-19 од белгиските во германските болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот