Белгија се откажа, Србија е веќе на Европското првенство 2022!

Фото: rss.org.rs

Репрезентацијата на Србија се пласираше на Европското првенство кое ќе се одржи во 2022 година во Унгарија и Словачка на три натпревари пред крајот на квалификациите.

Србите ќе бидат дел од континенталниот собир откако Белгијците се откажаа од мечевите закажани во март и тамошната федерација веднаш ги информираше луѓето во Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Како причина, Белгијците ја наведоа здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, како и скратените подготовки на репрезентацијата за тие натпревари. Точните датуми сè уште не се утврдени, но јасно е дека „црвените волци“, како што се нарекуваат белгиските ракометари, нема да бидат дел од програмата на Група „1“.

– За жал, моравме да ги откажеме квалификациските натпревари кои беа закажани за март. Се обидовме да ги одложиме натпреварите, но исто така го разбираме и ЕХФ, кој мора да се грижи за календарот на натпреварувања. За жал, работите не можат да бидат појасни. „Црвените волци“ нема да играат во квалификациите за Европското првенство. Одлуката ја донесовме со согласност на играчите, стручниот штаб и водечките луѓе, во согласност со ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Би било несериозно да ги присилиме ракометарите да играат во такви услови и да ризикуваат повреди – се вели во соопштението на Жан-Франсоа Аносет, претседателот на Белгиската ракометна федерација.

Србија одлично ги започна квалификациите, со триумф и реми против Франција, потоа славеше и убедливо против Грција. Моментно водат Србите во квалификациската група „1“ со пет бодови, пред Франција која има еден, а Грците без бодови.

Во осумте квалификациски групи двете првопласирани и четири најдобротретопласирани ќе обезбедат место на следното ЕП. На тој пат се бори и Македонија која исто така имаше успешен старт со две победи над Финска и Швајцарија, во март следува двомечот со актуелниот светски шампион Данска, а во април и мај се возвратните средби со Финците и Швајцарците во квалификациската група „7“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот