Белгија: Прва затворска казна за закани преку Фејсбук

Фото: МИА

„Слободата на мислење и на изразување претполагаат право да се изразат своите убедувања, но таа слобода не е апсолутна”, смета белгискиот суд.

Белгиски суд за првпат изрече затворска казна за закани упатени преку социјалната мрежа Фејсбук против поранешната пратеничка со турско потекло, Махинур Оздемир.

Ален Бине е осуден на строга затворска казна од десет месеци од страна на Апелацискиот суд во Брисел, откако Основниот суд изрече само две недели затвор за Бине.

Казната се однесува на негов коментар напишан на социјалната мрежа во 2015-та година по телевизиски настап на пратеничката Оздемир.

Судот оцени дека овој коментар е прекршување на законот од 1981 против дискриминација и ксенофобија.

Во коментарот Бине напишал: “Што бара оваа во нашата земја? Како е можно оваа ороспија што си го вакцинира својот одвратен турски син на наш трошок сѐ уште да не е убиена?”

По првостепената пресуда, Бине одлучува да се обрати до Апелацискиот суд. Во меѓувреме тој продолжува да се заканува на локална политичарка, а минатата година е задржан во полиција поради семејно насилство.

Во својата аргументација, белгискиот Апелациски суд оценува дека “слободата на мислење не е асполутна”.

-Треба да се земе предвид, меѓудругото, сериозноста на овие дејства кои покажуваа дека тој ги презира другите, нема почит кон законот кој ја заштитува оваа вредност и не ги почитува елементарните правила на општествениот живот. Во елан на избувливост, осомничениот упати јавни навреди и говор на омраза кон нејзе и нејзиниот син поради нејзината националност или потекло, без воопшто да сфати дека тоа може да ги поттикне оние кои го читаат да манифестираат насилно однесување кон овие лица, и со тоа ги стави во опасност тужителите”, оцени Судот.

„Слободата на мислење и на изразување претполагаат право да се изразат своите убедувања, но таа слобода не е апсолутна”, смета белгискиот суд.

Казната од десет месеци затвор без можност за условност треба да служи како пример за него и за другите во општеството.

Оздемир од своја страна преку нејзините адвокати ја поздрави пресудата

-Не може сѐ да се пишува на интернет, има граници, ова е прв пат говор на омраза поради етничката припадност изразен на социјалните мрежи да биде осуден на затворска казна, времето на неказнивост за омразата на интернет заврши, соопштија адвокатите на поранешната пратеничка, која во меѓувреме ја напушти Белгија и и се придружи на владата на Реџеп Таип Ердоган. Оздемир е моментално амбасадорка на Турција во Алжир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот