Белгија останува на исто ниво на тревога и покрај синоќешниот терористички напад во Виена

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Властите во Брисел сметаат дека терористички напад, како синоќешниот во Виена, е малку веројатен во Белгија и не го менуваат националното ниво на тревога.

Нивото на тревога, или ризикот од терористички напад, го мери Органот за координација на анализа на заканата, познат како ОКАМ.

Белгија останува на второ ниво, од вкупно четири, односно среден ризик, како што беше и досега.

– Нема потреба да се ревидира нивото на закана, затоа што нема ниеден конкретен елемент кој оди во таа насока. Врз основа на информациите што ги има ОКАМ нивото два се задржува, соопштија властите.

Белгија беше погодена од два терористички напада во март во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот