Белгија од следниот месец приоритетно ќе вакцинира 340.000 луѓе

Од следниот месец во Белгија би требало приоритетно да се вакцинираат 340.000 луѓе, меѓу кои се здравствени работници, вработени во домовите за стари и изнемоштени лица, лицата на возраст над 65 години и оние над 45 години кои имаат специфични болести, како што се вишок на килограми, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, канцер и друго.

Дополнителни 210.000 граѓани ќе можат да се вакцинираат од февруари, а 620.000 од март 2021 година, објавија белгиските медиуми, повикувајќи се на Националната стратегија за вакцинација.

Белгија, која има околу 11,5 милиони жители, веќе има порачано 22,4 милиони дози на вакцини против Ковид-19, и тоа најмногу од компаниите АстраЗенека (7,5 милиони), Фајзер (пет милиони), Џонсон и Џонсон (пет милиони), Кјурвак (2,9 милиони) и Модерна (два милиони).

Здравствените власти во земјата проценуваат дека за „колективен имунитет” е доволно да се вакцинираат 60-70 отсто од населението.

И покрај подобрувањето на епидемиолошката ситуација во Белгија по сите параметри, здравствените работници предупредуваат дека се уште се под голем притисок, а евентуален трет бран на пандемијата во јануари би бил „катастрофален”.

Во изминатата една недела во Белгија просечно се потврдени 2.300 новозаразени на дневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во земјата од коронавирус се заразени 582.252 лица, а починале 16.911 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот