Белгија нема да ги хоспитализира старите лица заболени од КОВИД – 19

Ваквиот пристап се однесува на возрасните, кои, се очекува да починат до крајот на годината поради деменција или други постојани здравствени проблеми.

Возрасните луѓе во Белгија, сместени во домови за старци, кои се со лошо здравје нема да бидат примени в болница доколку се заразени со Ковид-19. Ова е објавено од локалните медиуми, повикувајќи се на локалното Здружение на геронтолози.

Се прецизира дека ваквиот пристап се однесува на возрасните, кои, без ново заболување, се очекува да починат до крајот на годината поради деменција или други постојани здравствени проблеми. Тие одлуки ќе бидат во согласност со семејствата на старите лица.

Според белгиските власти, дури и да бидат примени в болница со Ковид-19, возрасните луѓе со нарушено здравје би добиле иста грижа за опстанок во живот, каква што имаат во домовите за нега на стари лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот