Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Пуџдемон и Комин се европратеници и уживаат имунитет врз оваа основа.

Белгија нема да ги екстрадира функционерите на каталонската сепаратистичка партија Карлос Пуџдемон и Тони Комин, пред Европскиот парламент да се изјасни за барањето за укинување на имунитетот на тие европратеници, пресуди денеска белгискиот суд.

Еден од нивните адвокати Симон Бекаерт ја потврди одлуката на советодавната комора на фламанскиот суд во Брисел.

– Судијата одлучи да го одложи барањето за екстрадиција на неодредено време … сè додека Европскиот парламент не донесе одлука за барање за укинување на имунитетот, рече адвокатот.

Пуџдемон, поранешниот претседател на Каталонија и Комин, еден од неговите поранешни министри, избегаа во Белгија на крајот на октомври 2017 година, по обидот за отцепување на регионот.

Шпанија ги обвинува за бунт и веќе издала неколку европски потерници за нивно апсење.

Пуџдемон и Комин се европратеници и уживаат имунитет врз оваа основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот