Белгија конечно доби влада 500 дена по изборите
Седум партии, речиси 500 денови по парламентарните избори, утрово се согласија за формирање на владата на Белегија, која ќе се фокусира на справување со пандемијата на коронавирусот и економските последици.
На последните преговори меѓу либералите, социјалистите, зелените и демохристијаните од седум партии, кои траеја скоро 24 часа, беше договорен заеднички буџет, но прашањето кој ќе биде новиот премиер остана отворено.
-Големи политички пречки се зад нас и среќен сум што успеавме да направиме програма со седум партнери, рече претставникот на демохристијаните Серваис Верхерстрајтен.
Либералите беа претставени на преговорите од Александар Де Крум, а социјалистите од Пол Магнет.
Од изборите на 26 мај 2019 година, Белгија ја предводи привремена влада.