Белгија ќе добие 650.000 дози вакцини од АстраЗенека, наместо договорените 1,5 милиони

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT A

Белгија во првиот квартал од 2021 година ќе добие 650.000 дози од британско-шведска вакцина на АстраЗенека, наместо договорените 1,5 милиони дози, соопштија белгиските власти.

Министерот за здравство Френк Ванденбрук денеска предупреди дека фармацевтските компании за производство на вакцини во моментов имаат „монопол на пазарот”, а земјите-членки на ЕУ се во „зависна позиција”.

Пред „АстраЗенека”, која сè уште чека одобрување од Европската агенција за лекови за пласман на вакцината против Ковид-19, намалување на испораките на дозите во ЕУ најави и американски „Фајзер”, првата компанија чии вакцини добија „зелено светло” во ЕУ.

– Има многу неизвесност и луѓето треба да сфатат дека стратегијата за вакцинација ќе мора постојано да се преиспитува. Фајзер и АстраЗенека ја прават оваа задача исклучително тешка, рече Ванденбрук.

Тој ја повика Европската комисија, која, во име на земјите-членки, преговараше за вакцините со фармацевтските компании, „да заземе поцврст став” и „да побара исполнување на договорот”.

Белгија нарача вкупно 7,7 милиони дози вакцини од АстраЗенека, две милиони дози од Модерна и 12,5 милиони дози од Фајзер.

Од почетокот на јануари во Белгија се вакцинирани 183.387 граѓани, односно два проценти од вкупното население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот