Белгија го избрала наследникот на Роберто Мартинез

Фото: EPA-EFE/Filip Singer

Роберто Мартинез по завршувањето на Светското првенство ја напушти клупата на Белгија, а во наредниот период беше промовиран во нов селектор на Португалија. Белгија мораше да побара негов наследник и како што стојат работите тоа ќе биде Доменико Тедеско.

Со селекторската позиција во Белгија се поврзуваа големи имиња како Маурисио Покетино и Јоаким Лев, сепак на крајот договор бил постигнат со Тедеско.

Според најавите на медиумите, Тедеско е пред промоција и таа треба да се случи во наредните два до три дена. Тедеско е поранешен тренер на Шалке каде што работеше од 2017 до 2019 година, а од 2018 до 2021 седеше на клупата на Спартак Москва, подоцна го водеше и Лајпциг.

Пред Белгија сега е стартот на европските квалификации во март и борбата за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот