Белгија ги очекува првите дози на вакцини против Ковид-19 до идната пролет

Фото: EPA-EFE/DAVID MARIUZ AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Според белгиските медиуми, првите вакцини против Ковид-19 би требало да пристигнат во Белгија во март, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според генералниот директор на Агенцијата за лекови на Белгија, Ксавие ДеКејпер, вакцините треба да бидат достапни за Белгија до идната пролет, најверојатно во март 2021.

– Врз основа на сите информации со кои располагам, можам да најавам дека во март 2021 би можеле да имаме достапна вакцина против Ковид-19 во Белгија, ова е реалистичен рок, изјави ДеКејпер за белгиските медиуми.

Директорот својата проценка ја темели врз информациите и преговорите што ги води со производителите на вакцините.

Тој објаснува и дека нема да можат сите земји во ЕУ да ги добијат дозите на вакцина во исто време, и се очекува ЕУ да произведе шема на дистрибуција. Според него, првата набавка би требало да се состои од околу 50 милиони вакцини од кои Белгија ќе добие 1,2 милиони дози.

Тоа исто така значи дека земјите нема да имаат доволно вакцини за целото население и дека ќе треба да се носат одлуки за приоритетни лица.

-Дискусијата ќе биде тешка и ќе има голем притисок од сите сектори, изјави директорот на Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот