Бележат огромни загуби поради корона-кризата: Пиварниците во Германија истураат пиво во вредност од милиони евра

Голем број на германски пиварници предупредуваат на катастрофалните последици врз нивната дејност од корона-кризата и „локдаунот”, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.

Во Германија со месеци се затворени кафулињата, баровите и рестораните, се вели во нивната реакција што е објавена на веб-страницата на Германското здружение на пивари, и се додава дека производителите едвај да можат да продадат по нешто од количините што се наменети за точење во рестораните.

– Производи вредни милиони евра, чијшто рок на траење е истечен, мораа да бидат уништени”, објаснуваат тие.

Производителите на пиво во писмото апелираат за помош не само за себе, туку предупредуваат и на состојбата со земјоделците врз чија работа се темели производството на пиво. Тие предупредија дека 1.500 земјоделци изјавиле дека досега не биле вклучени во програмите за помош и дека доколку владата во Берлин и владите во одредени региони на Германија не реагираат на брз начин, „на многу погони им се заканува несолвентност“.

Производителите на пиво во Германија наведуваат и дека во март 2020 година, УНЕСКО го призна традиционалното производство на пиво во оваа земја како нематеријално културно наследство, кое сега е „акутно загрозено”.

Тие се повикуваат на Заводот за статистика на Сојузна Република Германија и наведуваат дека во 2020 година во Германија се продало 5,5 проценти помалку пиво отколку претходната година. Дефицитот, според таа пресметка, главно оди на сметка на пивото кое се продава за точење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот