Белата куќа најавува нови санкции за поединци вклучени во набавката на оружје на Хутите

Белата куќа објави нови санкции против поединци и субјекти вклучени во мрежата за набавка на оружје на јеменските бунтовници Хути, ветувајќи дека ќе продолжи „да ги бара одговорните за нивните постапки“.

Санкциите доаѓаат по двата поморски напади на Хутите врз комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив за кои Белата куќа вели дека „немале никаква врска со конфликтот во Газа“.

„Хутите предизвикуваат непотребно страдање низ целиот регион“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби кој нивните акции ги окарактеризира како чист тероризам. Едноставно нема друг збор за тоа“, додаде тој.

Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, кои контролираат голем дел од северниот и западниот дел на Јемен, со месеци лансираат беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море, што според нив е обид да се изврши притисок врз Израел да ја прекине војната.

И покрај одмаздничките воздушни напади предводени од САД во изминатите два месеци, Хутите продолжија со својата кампања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот