Белата куќа: Трамп ја разгледува идејата за купување на Гренланд

Фото: ЕПА

Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кудлоу, денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд”, иако од овој остров, што е во составот на Кралството Данска, порачаа дека не се на продажба.

Кудлоу за „Фокс њуз сандеј” кажа дека не сака да предвидува што може да се случи, но изјави дека Гренланд, што се наоѓа меѓу Атланскиот и Северниот Леден океан, „е стратешко место со многу вредни минерали”.

Откако „Вол стрит журнал” пред извесно време објави дека Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Кралството Данска, шефицата на дипломатијата на Гренланд порача дека тој остров не е на продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот