Белата куќа: Трамп ја разгледува идејата за купување на Гренланд – Слободен печат
ВестиПланета

Белата куќа: Трамп ја разгледува идејата за купување на Гренланд

Откако „Вол стрит журнал" пред извесно време објави дека Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Кралството Данска, шефицата на дипломатијата на Гренланд порача дека тој остров не е на продажба. 

Економскиот советник на Белата куќа, Лери Кудлоу, денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд”, иако од овој остров, што е во составот на Кралството Данска, порачаа дека не се на продажба.

Кудлоу за „Фокс њуз сандеј” кажа дека не сака да предвидува што може да се случи, но изјави дека Гренланд, што се наоѓа меѓу Атланскиот и Северниот Леден океан, „е стратешко место со многу вредни минерали”.

Откако „Вол стрит журнал” пред извесно време објави дека Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Кралството Данска, шефицата на дипломатијата на Гренланд порача дека тој остров не е на продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close