Белата куќа остана без портпарол

Таа на местото портпаролка на Белата куќа е поставена во април минатата година, каде ја замени Сара Сандерс, а интересно е што оттогаш нема одржано ниту една прес-конференција.

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам повеќе нема да ја извршуваа таа функција, туку ќе работи како шеф на кабинетот на првата дама на САД, Меланија Трамп.

Таа на местото портпаролка на Белата куќа е поставена во април минатата година, каде ја замени Сара Сандерс, а интересно е што оттогаш нема одржано ниту една прес-конференција.

Новиот шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Мидоуз е задолжен да именува нов портпарол на Белата куќа, а меѓу најсериозните кандидати се портпаролката на Министерството за одбрана, Алиша фара и портпаролката на кампањата на шефот на државата, Кајли Мекинани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот