Белата куќа официјално го номинираше Марк Еспер за министер за одбрана на САД

Белата куќа официјално го номинира Марк Еспер за министер за одбрана, функција која од минатиот месец тој ја извршува во својство вршител на должност.

Тој би требало да го наследи поранешниот министер за одбрана Џим Матис, чија оставка пред седум месеци покрена во Пентагон досега незабележан период на нестабилност на највисоко ниво.

Пентагон соопшти дека со номинирањето на Еспер за новата должност, тој престанува да биде вршител на должност министер за одбрана.

Наместо Еспер, за вршител на должност министер за одбрана ќе биде поставен Ричард Спенсер, кој од август 2017 година ја врши функцијата цивилен раководител на американската Воена морнарица.

Се очекува Спенсер да биде кратко на министерската функција, бидејќи Еспер уште в четврток би требало да биде потврден како нов шеф на Пентагон, по што ќе положи заклетва, а Спенсер ќе и се врати на Воената морнарица.

Сенатот, каде мнозинството го сочинуваат републиканците, денеска треба да одржи сослушување на Еспер, кој стана вршител на должност министер за одбрана на САД откако времениот шеф на Пентагон Патрик Шенахан ненадејно поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот