Белата куќа ќе побара дополнителни пари од Конгресот за борба со коронавирусот

фото Архива

Претставници од Белата куќа и министерствата за здравство и за социјала засега не ги коментираат изваштаите на изданијата. Најпрвин за ова извести „Политико”.

Белата куќа планира да побара дополнителни средства во напорите за борба со коронавирусот, соопштија денеска „Политико” и „Вашингтон пост”.

Повикувајќи се на неименувани извори, весникот од Вашингтон наведува дека во текот на наредните три дена Белата куќа може да испрати барање до Конгресот во висина од околу милијарда долари.

Претставници од Белата куќа и министерствата за здравство и за социјала засега не ги коментираат изваштаите на изданијата. Најпрвин за ова извести „Политико”.

Двете изданија наведуваат дека барањето до Конгреост се уште се подготвува и дека бараната сума може да се измени.

Епидемијата на новиот коронавирус започна во Кина на почетокот на годината и се прошири надвор од нејзините граници во повеќе земји, со жаришта во Јужна Кореја, Иран и Италија.

Американските берзи денеска регистрираа недоверба со распродажби на акциите на многу компании, по информациите дека смртоносниот вирус се шири и во западниот свет.

Од вирусот досега починаа над 2.628 луѓе, а речиси 80 илјади се заразени. Мнозинството од починатите и заболените се од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот