Беласица ита кон опстанок во Прва лига

Фото: Академија Пандев

Екипата на Беласица, ја оствари четвртата победа во последните шест кола и ги оживеа шансите за опстанок во Првата фудбалска лига. Овој пат со пресврт во самиот финиш беше совладана Ренова со 3:2.

Иако Беласица поведе преку Мирчевски, додека Ренова одговори  преку головите на Гафури и Кадриу. Сепак, струмичани успеаја да останат непоразени и да дојдат до четвртата побеа во последните шест натпревари со головите во последните пет минути од натпреварот. Прво Милушев во 86. минута израмни на 2:2, а победничкиот гол беше дело на Георгиев во 91 минута.

Се серијата од четири победи и два нерешени резултати во последните шест натпревари, Беласица опасно им се приближи на Работнички и Силекс  во битката за седмото место кое нуди опстанок во лигата, додека осмата позиција носи бараж натпревар за останување во лигата.

Дерби натпреварот на 33. коло помеѓу Вардар и Работнички заврши без победник. „Романтичарите“ поведоа преку Петковски во 33 минута, но во вториот дел Мицевски не дозволи пораз на Вардар.

Шкендија откако во минатото коло ја осигура шампиоската титула, одигра без голови притив Силекс, а Македонија ЃП го искористи ремито на Работнички, и со триумфот над Шкупи од 1:0 дојде до шестата позција на табелата.

Резултати:
Вардар – Работнички 1:1
Беласица – Ренова 3:2
Шкендија – Силекс 0:0
Македонија ЃП – Шкупи 1:0
Академија Пандев – Победа 4:0

Табела
1. Шкендија 73
2. Вардар 60
3. Академија Пандев 56
4. Шкупи 43
5. Ренова 42
6. Македонија ЃП 41
7. Работнички 40
8. Силекс 38
9. Беласица 37
10. Победа 23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот