Беласица почна да победува фаворити

Фото: Академија Пандев

Екипата на Беласица, изненадувачки, успеа во последните две кола од Првата фудбалска лига, да победи две екипи кои се наоѓаат на врвот од табелата. Откако во неделата славеа во градското дерби против Академија Пандев, денеска успеја да го победат и лидерот на табелата Шкендија со 2:1.

Тетовчани не настапија во најсилен состав и тоа знаеше да го искористи Беласија која во последните шест кола ја очекува тешка борба за опстанок. Георгиев во петтата минута и донесе водство на Беласица, додека Бејтулаи во 64.минута си постигна автогол. Голот за Шкендија беше дело на Шефити во 70.минута.

Бојан Колевски со двата гола во 41. и 88. минута ја обезбеди победата на Вардар на гостувањето кај Македонија ЃП.
Екипата на Силекс загуби со 1:0 на гостувањето кај Ренова и сега има само еден бод предност пред Беласица, во трката за осмата позиција која води во баражот.

Втор пораз во само четири дена доживеа и Академија Пандев која со 1:0 е поразена кај Шкупи и тоа благодарение на голот на Исени во 86.минута.

РЕЗУЛТАТИ:
Беласица – Шкендија 2:1
Македонија ЃП – Вардар 0:2
Шкупи – Академија Пандев 1:0
Ренова – Силекс 1:0
Работнички – Победа 1:1

ТАБЕЛА
1. Шкендија 66 бода
2. Вардар 57
3. Академија Пандев 47 (-1)
4. Шкупи 42
5. Работнички 39
6. Ренова 39
7. Македонија ЃП 35
8. Силекс 31
9. Беласица 30
10. Победа 23 (-1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот