Беласица не запира, му откина бод и на Вардар

фото: ФК Беласица

Струмичка Беласица не запира во Првата фудбалска лига, остана непоразена и во дуелот со најтрофејниот македонски клуб, Вардар,играјќи 1:1. Интересно е што Беласица во последните три кола, играше со трите најдобропласирани екипи во македонскиот шампионат, Академија Пандев, Шкендија и Вардар и не загуби ниту еднаш.

Оствари две победи, над Академија Пандев на гости, и дома триумфира над Шкендија, а сега одигра нерешено со Вардар. Лесно можеше да се случи да го земе и овој скалп, струмичани преку Георгиев во 36. минута поведоа со 0:1 и водството го држеа се до 80 минута кога Жуниор израмни на 1:1 и го постави конечниот резултат.

Лидерот на табелата, Шкендија не дозволи ново изненадување и пред своите гледачи со 5:1 го декласира Шкупи. Хет трик постигна Имери, а покрај него во листата на стрелци се запишаа уште и Алими и Ибраими, додека почесниот гол за Шкупи беше дело на Бајрами со финишот на средбата.
Силекс со голот на Рајковиќ во 16. минута, дојде до драгоцени три бодови во битката за опстанок.

Резултати:
Академија Пандев – Работнички 3:1
Македонија ЃП – Ренова 3:1
Победа – Силекс 0:1
Шкендија – Шкупи 5:1
Вардар – Беласица 1:1

Табела
1. Шкендија 69
2. Вардар 58
3. Академија П. 50
4. Шкупи 42
5. Ренова 39
6. Работнички 39
7. Македонија ЃП 38
8. Силекс 34
9. Беласица 31
10. Победа 23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот