Бела покривка на Шар Планина: Првиот снег падна на северната страна на Титов Врв

Фото: mia.mk

Прв снег веќе има на високите предели и врвови на Шар Планина, информираат планинарите кои викендов го посетија овој масив. Зија Јонузовски од планинарскиот клуб „Аргентус Монт”, кој заедно со клупските колеги биле на Титов Врв, фотографирале како изгледа северната страна на највисоката точка на Шар Планина на 2.474 метри надморска височина.

– Според сознанијата од колегите планинари и состојбата на самото место, се гледа дека снегот е стар неколку дена. Според наши проценки, изминатиот викенд беа лоши временските услови со ниски температури и дожд, па така планинарите не заминаа на викенд турите на Шар Планина. Така најверојатно минатата недела на 27 септември е паднат првиот снег, смета тетовскиот планинар Зија Јонузовски.

Неделава која измина планинарите го фотографирале и врвот Бриставец на 2.670 метри надморска височина, што претставува четврти врв по височина на Шар Планина, а се наоѓа помеѓу Црно и Боговинско Езеро и претствува дел од голем планински гребен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот