Бела куќа: САД ги следат нуклеарните проекти на Северна Кореја

САД продолжуваат да ги следат нуклеарните проекти на Северна Кореја, вклучително и технологијата за балистички ракети, соопшти денеска Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби изјави дека САД јасно ставиле до знаење дека се отворени за разговори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска првпат покажа фотографии од центрифуги кои произведуваат гориво за нуклеарни бомби.

Како што објави државната новинска агенција КЦНА, Ким при посетата на Институтот за нуклеарно оружје и производствената база за „нуклеарни материјали за оружје“ ја истакна „потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги со цел експоненцијално да се зголеми нуклеарното оружје за самоодбрана доследно на партиската линија за градење нуклеарни вооружени сили“.

Ким, исто така, го надгледуваше пробното истрелување на нов повеќецевен ракетен фрлач од 600 милиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот