Бела куќа: Медиумите со пишувањата за коронавирусот сакаат да му наштетат на Трамп

фото Архива

Шефот на персоналот на Белата куќа, Мик Милвани, денеска ги обвини американските медиуми дека засилено објавуваат негативни извештаи за коронавирусот за да му нанесат штета на претседателот Доналд Трамп.

– Причината заради која оваа тема денеска привлекува толку внимание е да му се наштети на претседателот. Тоа е единствената причина, рече Милвани на конзеравтивен политички форум.

За да се стабилизира пазарот на акции, тој советува луѓето да „не гледаат телевизија во следните 24 часа“.
Милвани претходно веќе ги осуди медиумите заради негативното пишување за претседателот во текот на истрагата за негово отповикување и судење.

Шефот на персоналот на Белата куќа и директор на канцеларијата за упраување и пресметки, исто така, кажа дека постои можност од нарушувања на сообраќајот и работата на училиштата.

Белата куќа е под притисок од опозициските демократи околу управувањето со кризата со коронавирусот, вклучувајќи ја и подготвеноста на неа, како и заради претходно планираното намалување на буџетот за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот