Бела куќа: Бајден му остава на Сенатот да одлучи за судењето на Трамп

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден ќе остави на Сенатот да донесе одлука за начинот на продолжување на судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп, нагласи портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Убедени сме дека Сенатот може да ја исполни својата уставна должност додека истовремено работи и за американскиот народ, изјави Псаки на брифинг во Белата куќа.

Демократот Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на САД вчера, една недела откако Долниот дом на Конгресот гласаше за второто отповикување на Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт и смртоносен напад на Капитол на 6 јануари.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси сè уште не испратила текст за отповикување до Сенатот, а според правилата на Сенатот, судењето на поранешниот претседател ќе почне ден по приемот на одлуката. Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволат судењето на Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот