Бела Хадид призна: Работата ме натера да плачам секој ден!

Instagram
Бела Хадид на модното шоу на француски „Вог“ во Париз, пред да признае за солзите. Фото: Инстаграм

Уште од самиот почеток кога почна да работи како модел, кариерата на Бела Хадид оди само нагоре. Не требаше да помине многу време пред да почне да работи со великанот Карл Лагерфелд и да се појавува на насловните страни. Но, моделот кој секогаш изгледа како да нема проблем во животот, откри дека „плачела секое утро“ на своите почетоци додека била тинејџерка, што и не е така одамна, бидејќи сега има 23 години.

„Плачев секое утро, плачев за време на паузите за ручек, плачев пред да заспијам. Бев многу емоционално нестабилна кога работев четиринаесет часа на ден во период од осум месеци, а имав 18 години. Мислам дека само сакав малку да дишам, а тоа на некој начин ме стави во „лавиринт“, рекла Хадид за време на дискусија на модниот фестивал на „Вог“, кој се одржува деновиве во Париз.

 

Хадид вели дека сега сака да биде добар пример за своите фанови и да зборува за менталното здравје.

„Се чувствувам виновно бидејќи ми е овозможено да го живеам овој прекрасен живот и ги уживам можностите што ги имам, а сепак се чувствувам депресивно на некој начин“, вели Бела.

Таа е единствениот модел кој зборува отворено за некогаш исцрпувачките услови за работа, конверзација за која се зборува со години. Во 2017 година, кастинг-директорот Џејмс Скули обвини два кастинг директори на светски познатиот бренд „Баленсијага“ за злоставувачко однесување. Во инцидентот беа засегнати 150 модели, кои чекале на скали до три часа без светло, додека директорите на кастингот биле на ручек. Исто така, на едно модно шоу на „Yeezy“ (овој моден бренд е во сопственост на познатиот пејач Канје Вест), еден модел паднал во бесознание од топлите сончеви зраци, бидејќи морала да чека неколку часа да почне модното шоу, иако немало сенка. Во 2018 година, кога одекна движењето #MeToo, моделите споделија многу приказни поврзани со злоставување на работното место. Приказната на Хадид се совпаѓа со искуствата на моделите, иако тие не го уживаат истиот статус, популарност и богатство како неа.

Фото: Инстаграм
Бела Хадид во Париз, пред да зборува за својата кариера на модното шоу на француски „Вог“. Фото: Инстаграм

Хадид додава дека единствено супер-позитивно искуство на модната писта ѝ било дури годинава, кога ја претставуваше новата колекција за долна облека на познатата пејачка Ријана, линијата „Savage x Fenty“.

„Се чувствував моќно, баш како во мојата долна облека! Го слушаш ова, „Викторија сикрет“?“, вели познатата моделка додека го „предизвикува“ најпознатиот бренд за долна облека „Викторија сикрет“, за чии ревии манекенките мора да носат многу тешки и непријатни костуми.

 

Бела три пати ја „прошета“ пистата како еден од  Ангелите на Викторија Сикрет. Во последните неколку години, некогашниот најпопуларен бренд за долна облека беше критикуван речиси за сè: од недостаток на инклузивност, до пријателствата на извршните директори со сега починатиот Џефри Епстајн, кој беше обвинет за трговија со (најчесто малолетни) лица. Во 2018, еден од извршните директори на Викторија Сикрет, Ед Разек, беше многу критикуван по изјавата дека за „Плус-сајз“ модели и трансродови лица нема место на модната писта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот