Бела Хадид преку видео-повик позираше гола за модна кампања! (ФОТО)

Instagram

Пандемијата направи последици и во модниот свет. Поради коронавирусот се откажани модните недели, снимањата се оневозможени, но некои успеаа да смислат нешто ново што ќе го привлече вниманието на јавноста. Францускиот моден дизајнер Симон Порте Џакуемус (30) сними FaceTime кампања, а заштитно лице е манекенката Бела Хадид (23).

Тој ја претстави кампањата за пролет 2020 година, а таа се состои од низа фотографии на кои Бела позира, а снимено е од страна на фотографот Пиере Анге Карлоти преку FaceTime. Сето тоа, секако било надгледувано од страна на Симон.

Бела за позирањето сама го уредувала својот дом, па и по тоа се разликува ова снимање од претходните. Манекенката во оваа кампања се пофали со низа фотографии на друштвените мрежи, а на некои слики е дури и гола.

„Најдобрите неколку часа“, напиша Хадид покрај фотографијата.

Instagram

Оваа не е прва кампања на Хадид преку видеоповик додека е во карантин. Пред неколку дена таа позираше за италијанскиот Вог, исто така во разголено издание.

„Времињата се сменија и работата од дома доби ново значење“, напиша Бела.

Instagram

Бела пред неколку дена најпрво ја промени бојата на косата, а потоа и самата си ја скрати косата. Таа ги зема работите во свои раце и си направи шишки.

Видео на денот