2 C
Скопје

Бекута им одржа лекција на колегите: Можеби ќе останеме без пари, но настапите не се повредни од ниту еден живот!

Популарната пејачка Ана Бекута го сподели своето мислење за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите поради пандемијата на коронавирусот и ги воодушеви сите со својата објава.

Бекута истакна дека моментаклно не работи, но дека, за разлика од некои колеги, не се жали дека таа и некои пејачи може да останат без пари, бидејќи како што вели таа, ниту еден настап или кариера не вреди колку човечки живот.

– Ме растажува кога моите претходни пораки во јавноста се толкуваат како лелекање затоа што не работам. Не лелекам бидејќи и јас не работам во овој период. Која сум јас да плачам, жива и здрава, покрај илјадниците пациенти кои овие денови се борат за живот? – прашува Ана.

– Која сум јас да се жалам покрај нашите лекари кои неуморно работат со часови и часови прекувремено секој ден и го ризикуваат своето здравје и живот за лоши плати. Зад себе имам 35 години кариера и цел живот. Имаше добри и лоши денови. Среќна сум што заработив за живот со тоа што го сакам најмногу – пеењето – напиша пејачката на Инстаграм.

Instagram

– Затоа е страшно да ги гледаме и слушаме колегите од земјава и регионот кои поддржуваат повторно отворање на клубови за да можеме повторно да пееме. Дали сте нормални? Ниту еден човечки живот не вреди за нечии перформанси, ниту нечија кариера. Ниту еден човечки живот Сите зла завршија, а ќе му дојде крајот и на ова. Да, веројатно ќе останеме без пари. Работите што биле секојдневие, веројатно ќе станат луксуз за нас. Можеби сите ќе почувствуваме како е да се протега мала сума пари од први до први – напиша таа. – Можеби тогаш ќе разбереме како живее просечен лекар во Србија. Чувајте се. Важно е да преживееме и  повторно да има радост и живот. Ќе помине ова. Пак ќе пееме! – заклучи Бекута.

Прочитајте и...  Џеј Зи инвестира милиони во производство на марихуана

Преземено од Еспресо.мк

Поврзани вести

ФОТО | Хит на социјалните мрежи: Некој од Град Скопје одлучил да го фотошопира Берни Сандерс на скопските клупи

СП.

Тие би избегнале да платат било што: Ова се најголемите скржавци во зодијакот!

Слободен Печат

ФОТО | Имот кој зрачи со елеганција во бохо стилот според вкусот на неговата сопруга: Славниот Меј Дејмон ја продава својата луксузна вила за 21 милион долари

Слободен печат

ФОТО | Трендот продолжува: Во бикини на снег, Јелена Карлеуша, Теа, Сандра Африка, Кристина и Аделина!

М.Р

Пејачката го почести фановите за 30-годишнината од кариерата: Мараја Кери штотуку објави нов ремикс албум!

Слободен печат

ФОТО | Враќање во седумдесеттите: Капутот од овчо крзно е хит број 1 оваа зима!

Слободен печат

Остави Коментар