Бектеши за покачената цена на лимонот и портокалот: Оние кои манипулираат со цените ќе добијат казна од 5. 000 евра

Министерот за економија Крешник Бектеши, на прес-конференцијата одговори за покачените цени на лимоните и портокалите.

-Ова е пазарна економија, ние веќе најдовме решение во секторот за меѓународна трговија за да ги замрзниме цените. Вечер ќе предложам на владина седница нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки и продукти, како што се портокалите и лимонот.

Ги повикувам малите и големите трговци дека ги контролираме цените на увоз, затоа таму каде што има најголеми поплаки ќе се донесат одлуки да не растат одредени цени. Сите оние кои манипулираат со цените, државниот инспекторат ќе дели казни до 5. 000 евра, рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот