25 C
Скопје

Бектеши: Во Собранието уште има закони од четвртиот пакет, опозицијата да не блокира, туку да нуди решенија

Не само од петтиот сет економски мерки, туку и од четвртиот антикризен пакет се уште има законски решенија кои не ги поминале ни комисиите во Собранието. Тоа е вистината. Ја повикувам опозицијата која ги толкува бројките како што сака, да ги поддржи сите законски решенија, а ако не и се допаѓаат, да понуди алтернатива за да ги подобриме, не да блокира, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

По панел дискусијата „Нееднаквост во време на корона”, Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш истакна дека целта на Владата е да креира што подобри решенија за помошта да биде насочена каде што треба, но низ разговори со опозицијата и со сите останати чинители.

-Во Собранието се уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија од четвртиот сет мерки кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за да дава бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие законски решенија, нека понудат алтернативи за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат, рече министерот.

Ние сме тука, подвлече Бектеши, за да разговараме и со опозицијата и со другите чинители за да креираме што подобри политики и помошта навистина да биде насочена таму каде што треба, а насочена е кон работниците, за исплата на плати, но и во делот на компаниите за зголемување на ликвидноста.

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјави дека се реалност забелешките на кои подолго време укажува опозицијата. Тој не знае, како што рече, зошто цел месец се чека да се донесат законите од петтиот пакет во Собранието. Според Муцунски, таквата неагилност загрижува.

-Имаме ненавремена и недоволна реакција на извршната власт во однос на квалитетни и опипливи економски мерки. Јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува, се зголемува невработеноста, компаниите не добиваат доволно помош. Веројатно недостасува соодветен дијалог со релевантните чинители, со стопанските комори, треба многу повеќе јавни средства да бидат влејани во приватниот сектор. Ова е време кога државата треба да издвојува многу повеќе за помош на компаниите. Потребно е заеднички да се реагира, да се слуша гласот на сите засегнати страни. Постои одредена помош што ја поддржуваме и го повикуваме парламентрарното мнозинство, не знам зошто се чека веќе еден месец како точка на дневен ред да се стават законите кои се дел од петтиот пакет. Тие се доставени до Собранието во средината на февруари. Седницата со која ќе почне процесот на нивно донесување е закажана дури за следната недела. Навистина загрижува таа неагилност во сите тие процеси, но ние како опозиција ќе нудиме предлози и решенија, секогаш ќе бидеме во комуникација со приватниот сектор за да им се помогне, да се зачува нивната ликвидност и да се заштитатр работните места, нагласи Муцунски.

Поврзани вести

ЦИВИЛ: Бришењето зборови од Речникот на македонскиот јазик нема да го намалат говорот на омраза, туку ќе го засилат

Слободен печат

Денеска се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, 25 лица починаа

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

МИА Агенција

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

Остави Коментар