Бектеши: Во петок ќе се знае дали ќе замрзнат цените на шеќерот, јајцата и зејтинот

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до петок да завршат анализите кои треба да покажат дали ќе се замрзнат цените на шекерот, јајцата и зејтинот.

Како што рече вечерва во гостување на телевизија Телма, се чекаат дополнителни податоци од стопанските комори и Царинската управа.

„Не се завршени анализите. Очекувам до петок да бидат завршени. Очекуваме дополнителни податоци од коморите и Царинската управа. Тогаш ќе ја информираме Владата. Ако има простор за намалување на цените, тоа ќе го направиме. Моментно никој не работи со загуби, но, повторно ќе кажам, додека не ги имаме сите влезни податоци нема да носиме одлука. Главно производителите се повикуваат на цената на сојата и на пченката. Кај цените на пченката на светските берзи има намалување, а спротивно е за сојата“, истакна Бектеши.

Според него, анализи за цените на месните производи, овошјето и зеленчукот во Министерството за економија не се прават.

Министерството за економија нема механизми за мерки во делот на овошјето и зеленчукот. Разговарав со министерот Љупчо Николовски Министерството за земјоделство да направи анализи. Ако МЗШВ има конкретен предлог, ќе го прифатиме. Истото важи и за месните производи, подвлече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот