Бектеши тврди дека храната сепак поевтинува, ама да не очекуваме премногу

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Поевтинување на прехранбените производи ќе има и тоа ќе изнесува од 7 до 12 отсто, а граѓаните да немаат превисоки очекувања за падот на цените на храната, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, не е точно дека нема намалување на цените на храната и дека некои производи кои не се поевтинети, воопшто не се наоѓаат во групата на производи кои властите очекуваат дека ќе поевтинат.

„Затоа, ве молам, кога кажуваме 7 до 10 отсто, да не очекувате 40-50 посто намалување, тоа не е возможно да се случи моментално. Ние сме кажувале во континуитет дека тоа намалување ќе биде од 7 до 12 отсто. Проверете ги цените колку биле претходно, проверете ги новите достави што се даваат од домашните производители кон супермаркетите низ државата и ќе видите дека трендот се случува. Дополнително ќе се случи и од други производители откако ќе им завршат залихите“, вели Бектеши.

Владата се договори со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто, откако ќе добијат поевтина струја од 1 декември. Но, дури и површен преглед на цените во маркетите е доволен да се види дека нема никакво поевтинување.

Бектеши, кој пред само неколку недели имаше сосема спротивни очекувања најмногу го најавуваше падот на цените на храната што не се случува, сега вели дека тоа „нема да се случи моментално“.

Џабе фалби, ниту „н“ од намалени цени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот