Бектеши: Туристичките агенции ќе добијат ваучери во вредност од сумата на откажаниот ангажман

Министерот за економија Крешник Бектешки на денешната прес-конференција презентираше ваучери како мерка за заштита на туристичкиот сектор, кој е најпогоден од кризата со коронавирусот.

-Во делот на туризам, министерството за економија изготви уредба со законска сила каде што ќе се издадат ваучери на туристичките агенции во вредност од сумата за уплата на ангажманот откажан поради коронавирусот.

Со оваа мерка ќе им се овозможи да издаваат ваучери во износ од уплатената сума заклучно со 31 декември 2021 година.

Агенциите кои ќе престанат да ја вршат дејноста имаат обврска средствата целосно да им ги вратат на клиентите. Оние кои нема да ги почитуваат условите, ќе добијат казни. За поддршка на туризмот, Здружението за заштита на авторски и музички права донесе одлука да ги ослободи од плаќање од надоместок за музика, хотелите, угостителските објекти, со оглед на тоа што и моментално не работат, рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот