Бектеши: Трите пакети економски мерки беа донесени навремено и брзо

Со мерките од економските пакети се опфатени и граѓаните и стопанството, а со нив се отвори и можност за структурни промени на економијата, оцени министерот Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес – конференција што се одржа во Владата на Република Северна Македонија оцени дека реакцијата со донесувањето на трите пакети економски мерки била навремена и брза.

-Реагиравме веднаш за да им помогнеме на компаниите и граѓаните, за да го зачуваме секое работно место. Минатата недела го усвоивме третиот пакет со кој, преку директна поддршка ќе ја рестартираме економијата, вели министерот за економија.

Тој појасни дека со мерките од економските пакети се опфатени и граѓаните и стопанството, и дека со нив се отвори можност за структурни промени на економијата.

-Првиот и вториот пакет опфаќаа 200 – 250 милиони евра, а третиот 355 милиони евра за 730.000 корисници. Вкупниот влог е 550 милиони ерва или 5 – 5,5 отсто од БДП. Апелирам граѓаните да ги користат мерките што ги нуди Владата со цел да се заштити домашното производство, заеднички да ги помогнеме туризмот и угостителството, производните  капацитети и компаниите кои се најпогодени, вели Бектеши.

Дообразложувајќи ги мерките од вториот столб, Бектеши конкретно се осврна на поддршката во угоститлеството и туризмот како сектори што беа први на удар од коронавирусот. Тој, како и министерката Ангеловска, најавија дека до септември треба да профункционира дигиталната платформа што на домашните компании од индустријата треба да им овозможи отворање нови пазари.

Министерот ја најави и новата мерка со која се предвидува кофинансисрање настани и конференции со 50 отсто финансиска поддршка од државата до максимален износ од 30.000 денари, со цел како што рече, да им се помогне на домашните хотели и капацитети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот