Бектеши-Томан: Потенцијалите за соработка меѓу С. Македонија и Чешка се големи

Продолжувањето на успешната соработка помеѓу двете земји, како и можностите за нејзино продлабочување, беа тема на разговор на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан.

На средбата, информираат од Министерството за економија, беше оценето дека постои големо поле на можности за економска соработка помеѓу двете земји, кои како теми на разговор подетално ќе се дискутираат на наредната седница на мешовитатата комисија помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република.

Министерот Бектеши му се заблагодари на амбасадорот на позитивниот одговор од чешката страна оваа година да се одржи третата седница на мешовитата комисија меѓу двете земји на ниво на заменик-министри.

– Министерот и амбасадорот се согласија дека потенцијалите за соработка меѓу двете земји се големи и дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат на создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка, соопшти Министерството за економија.

Министерот Бектеши, се посочува во соопштението, го информираше амбасадорот за мерките што ги презеде Владата во изминатата година за поддршка на економијата за справување со негативните последици од пандемијата, како и за активностите на Владата за процесот на вакцинација на населението.

Според статистичките податоци трговската размена со Чешката Република во изминатите неколку години бележи континуиран раст, додека во 2020 година како резултата на пандемијата размената меѓу двете земји бележи пад од 4 проценти, при што извозот се зголемил за 11,7, а увозот се намалил за 10,2 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот