Бектеши: Стратегијата за енергетика до 2040 година целосно ќе го модернизира и трансфомира енергетскиот сектор

Министерот за економија Крешник Бектеши на Самитот за Западен Балкан, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, ја презентираше Стратегијата за енергетика на Северна Македонија до 2040 година со која се дефинираат долгорочните цели за развој на поедини енергетски дејности за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со различни видови на енергија, при тоа обезбедувајќи услови и начин за заштита на животната средина и мерки за реализација на заштитата.

– Стратегијата обезбедува платформа за целокупната модернизација и трансформација на енергетскиот сектор во согласност со енергетските трендови на ЕУ, придонесувајќи за зголемен пристап, интеграција и достапност на енергетските услуги, намалување на локалното и на глобалното загадување, и зголемено учество на приватниот сектор, земајќи ги предвид развојниот потенцијал на Македонија и домашните специфики. Со тоа, Стратегијата ги интегрира климатските и околинските аспекти на енергетскиот сектор, истовремено предлагајќи достапна, сигурна и одржлива енергија за иднината, посочи Бектеши, на панел дискусијата на тема „Транзиција на зелена енергија”.

Прочитајте и...  Дукоски: Починатиот притвореник делел бања со Боки 13, утрешното судењето „Рекет“ мора да се одложи

Тој истакна дека, паралелно со тоа, развиена е и стратешка оцена на влијанијата врз животната средина како посебен документ за процена на околински остварливите и одржливите опции за постигнување на целитe.

– Значајно е да се напомене дека изработивме прва Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година меѓу земјите членки на Енергетската заедница. Стратегијата се потпира на зелениот раст и нуди решенија за справување со климатските промени, особено во зеленото сценарио. Зеленото сценарио предвидува да постигне учеството на Обновливи извори на енергија до 44 проценти во 2040 година во вкупната потрошувачка на финална енергија, потенцираше Бектеши.

Од Министерството за економија соопштија дека министерот ги повикал инвеститорите да ги разгледаат можностите за инвестиции во обновливи извори.

– Во стратегијата се предвидени инвестиции во фотоволтаични централи кои е предвидено да имаат вкупен инсталиран капацитет од 1357 MW односно 41, 8 процент од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, за инвестиции во електроцентрали на биогас и биомаса се планира да имаат вкупен инсталиран капацитет од 38 MW односно 1,2 проценти од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, потоа во новите големи хидроцентрали (Чебрен, Градец, Велес, КВ Козјак, Глобочица) за кои се планира да имаат вкупен инсталиран капацитет од 775 MW односно 23,9 проценти од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, а во новите мали хидроцентрали е планирано да имаат вкупен инсталиран капацитет од 223 MW односно 6,9 проценти од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија. Предвидени се и инвестиции во термоцентрали на гас за кои се планира да има вкупен инсталиран капацитет од 141 MW односно 4,3 проценти од вкупниот инсталиран капацитет за производство на енергија, објасни Бектеши.

Прочитајте и...  ТИ-М: Транспарентност и отчетност во постапките на Владата и надлежните институции

Министетот го пезентираше напредокот на Северна Македонија во делот на инвестиции производство на електрична енергија од обновливи извори.

– Република Северна Македонија во изминатите две ипол години направи големи реформи во енергетскиот сектор, пред се со донесување на новиот Закон за енергетика и Законот за енергетска ефикасност со што се отвори простор за зголемени инвестиции во зелена енергија, наведе Бектеши.

Тој со директорот на ЕБРД разговарал за можноста за изградба на интерконекторот за природен гас со Косово што ќе даде дополнителна можност на Северна Македонија да стане транзитна земја за природен гас за Западен Балкан.

– За тоа ќе имаат придобивки и граѓаните и државата, освен што ќе го диверзифицираме снабдувањето со енергенси, ние исто така ќе добиеме поевтин енергенс, а истовремено нашите граѓани ќе имаат подобра животна средина, што преку гасификацијата може да се влијае позитивно, изјави министерот.

Прочитајте и...  Саудијците и Русите постигнаа нацрт договор, скокна цената на нафтата

Прочитај повеќе

САД има повеќе од 90.000 членови на екипажи заробени на крузери

Слободен печат

Садики за Студеничани: Немаме заразен од коронавирус, секојдневно сме во координација со полицијата

Слободен печат

Форбс: Поради економскиот крах 226 лица веќе не се милијардери

Слободен печат

Тринаесет новозаразени во Бугарија, вкупно 624 лица

Слободен печат

ИПИ: Загрозена слободата на медиумите во Европа во време на здравствена криза

Слободен печат

Над 4.000 новозаразени за еден ден во Германија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Еуроњуз: Нема сигурен лек за лекување на Ковид-19

Слободен печат

Над 450 илјади заразени, 16.111 починати лица од Ковид-19 во САД

Слободен печат

Денес од 16 часот во продолжен викенд карантин

Слободен печат

Кумуцакос: Правиме се што можеме за здравјето на бегалците и мигрантите на островите

Слободен печат

Уште една жртва од Ковид-19 во Албанија

Слободен печат

Косово: Тројца новозаразени и еден излекуван од Ковид-19

Слободен печат