Бектеши: Села ќе биде „исчистен“ од политичката сцена

Крешник Бектеши /Фото: МИА

Министерот за економија, Крешник Бектеши од ДУИ, изјави дека Зијадин Села ќе биде „исчистен“ од политичката сцена во земјата. 

Во дебатата на Телма, Бектеши рече дека е сигурен во победата на неговата партија. 

„Мислам дека господинот Зијадин Села имаше добар слоган, а слоганот му беше „Чисто“, тој се исчисти од политичката сцена. Сега и другите ќе ги исчистиме. Пополека се враќаат сите гласачи на ДУИ кои ги изгубивме во 2016 година. И убедливо ќе бидеме најголемата партија во албанскиот блок во сооднос 2 спрема еден спрема сите други“, изјави Бектеши.   

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот