Бектеши: Обезбедени се 50 милиони евра за петтиот пакет економски мерки

Во буџетот се обезбедени 50 милиони евра за реализација на петтиот пакет на економски мерки на владата како поддршка на граѓаните и компаниите во време на пандемија на ковид-19, најави министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Имаме обезбедено 50 милиони евра и моментно ги дизајнираме мерките. Тие ќе бидат секторски таргетирани каде имало поголемо влијание од ковид-19 и тоа ќе го направиме заедно со Стопанските комори на сите засегнат страни. За кратко време ќе имаме состаноци и во рамки на владата имаме јавно-приватни состаноци во кои се вклучени сите стопански комори, најави Бектеши.

Според Бектеши, удел во динамиката за заздравување на економијата ќе има и вакцинацијата. Власта, како што истакна, ќе ги собере сите предлози и на почетокот на февруари би требало да биде познато како ќе бидат дизајнирани мерките од петтиот пакет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот