Бектеши: Можно е да се прошири листата на производи со замрзнати цени

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што граѓаните ги имаат, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата, било тоа да е трговија на мало или на големо, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Бектеши вели дека со донесувањето на одлуката основните прехранбени продукти, лебот, шеќерот, брашното од тип-400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата да се продаваат по цените што ги имале на 1 декември, не значи дека нема да се прошири одлуката и со другите производи.

– Сѐ зависи од податоците што ќе ги добиеме наредната недела од Заводот за статистика, овие одлуки ги носиме само во интерес на граѓаните и во интерес на нивниот животен стандард, додава Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот