Бектеши: Моментално стоиме одлично со снабдувањето на основите производи кои се потребни, нема основ за паника

Владата на Република Северна Македонија ги информираше граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнаа да важат од денеска во 16 часот попладне.

На денешната видеосесија говореа министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Ваквите сесии ќе се одржуваат секој работен ден од 16 до 17 часот.

Бектеши говореше за работењето на фирмите за време на полицискиот час, ги информираше сите стопанственици за новите ограничувања.

-Заштита на здравјето на сите работници е основен услов, за да имаме здрава економија во целина во целата држава. Заеднички разговараме за се, со цел да не се забавува производствениот процес на нашите компании- рече Бектеши.

Тој напомена дека треба да се информираат сите фирми и компании кои имаат работници кои работат во смени, да го организираат работното време согласно органичувањата.

-Тие што работат втора, трета и четврта смена ќе имаат можност да извадат дозволи за движење, ги повикувам сите да ги почитуваат сите препораки од Владата. Дозволите за движење треба да бидат потврдени од МВР и тие ќе важат само за одење на работа и за враќање во нивните домови- рече Бектеши.

Моментално стоиме одлично со снабдувањето на основите производи кои се потребни, нема основ за паника, рече Бектеши, се е под контрола.

-Овие мерки треба да бидат почитувани од сите работодавачи- рече Бектеши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот