Бектеши: Мерката МојДДВ не е селективна и важи за сите, моментно имаме 330.000 корисници

Крешник Бектеши

Мерката „МојДДВ“ не е селективна и важи за сите граѓани, бидејќи сите имаат можност да отворат лозинка и слободно да се регистрираат на апликацијата. Апликацијата моментно ја користат 330.000 граѓани, а очекуваме до 10 октомври да се зголеми на 400.000, посочи денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 во деновите кога треба да се користи оваа мерка и додаде дека Комисијата за заразни болести веќе ги има дефинирано протоколите како треба да работат сите бизниси во државата.

– Мерката нема да биде селективна, бидејќи сите граѓани на државата имаат можност да отворат лозинка или да се регистрираат во рамки на програмата „МојДДВ“. Нашите очекувања се дека до 10 октомври бројката ќе се зголеми на 400.000 граѓани што би ја користеле, рече Бектеши на денешната прес-конференција.

Бектеши посочи дека секој граѓанин согласно условите кои веќе се презентирани ќе има можност до 30.000 денари да купува, а Владата ќе им врати ДДВ во зависност од тоа колку ќе биде висината на ДДВ, односно на продуктите што граѓаните ќе ги купуваат во тие три дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот