Бектеши: Личен интерес ни е да одиме на избори, би добиле 18 пратеници, но на државата и треба стабилност

Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во Телма телевизија ја коментираше информацијата што ја објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека има ново парламентарно мнозинство.

-Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, треба да се изгласа во Собранието доколку ги имаат бројките. Ние кажавме дека ако ги гледаме бројките, наш личен интерес е да одиме на избори бидејќи моментално би добиле 18 пратеници. Но, во моментов на државата и треба стабилност, треба да се завршат некои крупни работи, како спорот со Бугарија, да се продолжи европскиот пат и ДУИ нема да направи никакви отстапки од евроинтеграциите на нашата држава, рече Бектеши.