Бектеши: Крај на мај или почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави

Крај на мај или почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави, изјави министерот за економија Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека знаците за стивнување на овој бран, им дале право за дополнително олеснување на рестрикциите.

 

Сепак, тој вели дека може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот