Бектеши: Косово ја укина забраната за извоз на мед и компир

Крешник Бектеши

Косово ја укина забраната  за увоз на мед и компир од земјава, а Северна Македонија го стави Косово повторно на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека ќе нема компромис и отстапки кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

– Пред неколку часа од косовска страна бевме информирани дека е укината бариерата за извоз на мед и компир во оваа земја, информира министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши уште еднаш повтори дека нула е штетата од забраната што беше воведена пред околу еден месец.

Владата, потенцира Бектеши, останува посветена на продлабочување на соработката со Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот