Бектеши: Ќе ги намалиме давачките за некои увозни репроматеријали

Нема простор за паника, бидејќи има доволно храна и залихи, вели министерот за економија.

Ќе донесеме соодвени одлуки за намалување на давачките за неколку репроматеријали. Тоа ќе го предложиме на Влада заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, со цел да имаме непречено производство на храна, но и на индиректен начин да ги намалиме цените или да не дозволиме да се зголемат цените на производите, посбено на основните прехранбени продукти, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој им порача на граѓаните дека нема простор за паника, бидејќи има доволно храна и залихи.

Бектеши најави дека првично се размислува за намалување на давачите и царините на репроматеријалите за производство на заштитни маски.

Министерот најави и дека ќе побара од надлежните институции да преземат соодветни мерки за порталите кои шират невистини и страв кај граѓаните дека нема доволно храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот