Бектеши: Касами да ги објави и склучените договори за месеците јануари и февруари

Крешник Бектеши и Билал Касами/Фото: Слободен печат - архива

Откако Општина Тетово го објави списокот со 811 склучени договори на дело потпишани од поранешната градоначалничка Теута Арифи, реагираа и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и ДУИ побара од актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами да ги објави и договорите на дело потпишани од него за месеците јануари и февруари.

– Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност. Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно, реагират од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши коментирајќи го објавувањето на списоците за склучените договори на дело од општина Тетово, изјави дека актуелниот градоначалник Билал Касами треба да внимава на личните податоци на ангажираните лица, а повика на објавување на склучени договори и за јануари и февруари 2022 година.

„Важно е да се истакне фактот дека на транспарентен и отворен начин мора да се објавуваат сите податоци, но и да се води сметка за личните податоци на граѓаните. Би сакал да го повикам господинот Касами да ги објави договорите кои се актуелни во тек, за јануари и оние што се склучени само за февруари, за да можат граѓаните да споредат како се работеше во минатото и како се работи сега“, изјави меѓу другото Бектеши.

Што се однесува до начинот на кој работи Касами, Бектеши нагласи дека медениот месец од 100 дена му заврши, и наместо да се изминатиот период, повика да ја реализира програмата со која ја доби довербата на граѓаните на Општина Тетово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот