Бектеши-Галовеј: Добрите билатерални односи се основа за продлабочување на соработката

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

На состанокот се разговарало за економските приоритети на Владата во новиот мандат, економската соработка меѓу двете земји, како и можноста за продлабочување на истата.

Како што соопштија од Министерството за економија, министерот Бектеши ја информирал амбасадорката за мерките и реформите кои ги спроведе Владата и Министерството за поддршка на економијата за справувањето со кризата предизвикана од ковид – 19, посебно на мерките од новиот четврт пакет кој ќе значат дополнителна поддршка за бизнисот и граѓаните во справување со последиците од пандемијата.

– Министерот ја информираше амбасадорката Галовеј дека Обединетото Кралство е втор по големина трговски партнер на Северна Македонија, а вкупната билатерална трговија меѓу двете земји е во континуиран раст во последните неколку години, се наведува во соопштението.

Министерот Бектеши и амбасадорката Галовеј се согласиле дека има простор за продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји, пред се поради присуството на британските инвеститори на македонскиот пазар.

Тој и се заблагодарил на амбасадорката Галовеј за поддршката која Британската влада ја дава на Министерството за економија во делот на подобрување на регулативата за Јавно приватно партнерство.

Меѓу другото министерот Бектеши ја информирал амбасадорката за реформите предвидени во рамки на Министерството за економија во наредниот период во делот на поддршка на бизнисот. Програмска определба на Владата во наредниот период, подвлеколл, е да се зголеми поддршката на компаниите во делот на инвестиции во нови технологии, човечки капитал и иновации.

Во делот на енергетиката, министерот исто така ја информирал амбасадорката дека во наредниот период Министерството за економија ќе продолжи со поддршка на инвестиции во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија, што ќе значи подобрување на целиот енергетски систем во државата.

Амбасадорката му го честитала новиот, втор мандат на министерот Бектеши како министер за економија и двајцата се согласиле дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот